Реал Мадрид се засилува со фудбалер од четвртата лига во Шпанија

Реал Мадрид активно работи и на засилувања за иднината, а несомнено еден од оние на кои се смета во „кралските“ редови е и Манекс Резола.

Станува збор за 19-годишник кој игра за четвртолигашот Логронес, а важи за голем талент на шпанскиот фудбал. За неговите услуги беа заинтересирани и Ателетик Билбао и клуб од Саудиска Арабија, но на крајот пресуди интересот на Реал Мадрид.

Овој трансфер ќе го чини „кралскиот“ клуб 150 илјади евра со тоа што тој нема да му се приклучи на првиот тим, туку ќе остане во четвртата лига во развојниот тим на Реал Мадрид, Реал Мадрид Ц.

Се вчитува...