Реал Мадрид оствари триумф на гостувањето во Лисабон кај Бенфика со минимални 0-1 во првиот меч од плеј-офот во Лигата на шампионите. „Кралевите“ не ја повторија партијата од групната фаза, кога Бенфика славеше со 4-2, и така се пласираше во следната фаза.
„Кралевите“ сега ја научија лекцијата, одиграа далеку подобро од тој меч, и заслужено славеа. Но, сето тоа ќе остане во сенка на скандалот предизвикан по постигнувањето на голот.
Винициус со прекрасен гол во 50. минута му донесе предност на кралскиот клуб, кој подоцна ќе се покаже како победнички, но веднаш потоа се пожали на расизам од страна на играчот на Бенфика, Престианини.
Натпреварот беше во прекин 10 минути, а сите овие настани предизвикаа стадионот „Луж“ уште повеќе да експлодира и да се запали. Потоа секој допир со топката на Винициус значеше и жестоко исвиркување. Но, и тој и неговите соиграчи го издржаа притисокот и на крајот со предност ќе го дочекаат реваншот на свој терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

