Реал Мадрид си најде засилување за одбраната во Англија

Реал Мадрид сака да ја заврши дефанзивната реконструкција што ја започна, па централната дефанзивна позиција е приоритет за „кралевите“.

Мета е Упамекано, а се споменуваше и Конате од Ливерпул, но сега клубот од Мадрид го насочи вниманието кон Кристијано Ромеро.

Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.

Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но сега и самиот изразува силна желба за преселба во Реал.

Сепак, треба да се знае дека Флорентино Перез не е во најдобри односи со Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, кој нема да го пушти својот капитен за мала сума.

Се шпекулира дека Тотенхем бара 75.000.000 евра, што значи дека Реал би морал да ја плати таа цена за аргентинскиот стопер.

Се вчитува...