Реал Мадрид се врати од шокот против Уникаха во претходното коло и славеше рутинирано над последнопласираната екипа во Евролигата, Анадолу Ефес со 87-68. „Кралевите“ ја искористија раната ицинијатива со која изградија сигурно водство и без поголеми проблеми го приведоа мечот кон крај без многу возбудувања.
Третата четвртина се покажа како клучна, во која Реал направи и +15 поени предност, додека во завршницата Анадолу како без „душа“ се предаде и заминува од шпанската метропола со тежок пораз.
Лука Дончиќ ги предводеше „кралевите“ со 17 поени, Таварес застана на 14 поени. За турскиот состав Драгиќ и Браун беа најефикасни со 18, односно 12 поени.
Басконија славеше голема победа во последните минути против екипата на Уникаха од Малага во драматичниот натпревар со резултат од 85-83. Јанис Тима, Грејнџер и Шенгелија ги предводеа гостите со 17, 14, односно 13 поени. За Малага Недовиќ и Шерманиди беа најефикасни со 19 поени, односно 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА