Реал Мадрид има план да го потпише дефанзивецот Дајот Упамекано од Баерн Минхен, по ист рецепт како што тоа го прави во последните неколку години со врвни играчи. На Упамекано му истекува договорот во јуни 2026 година, а Реал го користи фактот што двете страни засега не напредуваат во преговорите за нов договор.
„Баварците“ и стоперот веќе шест месеци преговараат за нов договор, но никако да се договорат од финансиски аспект. Фудбалерот моментално има плата од 16 милиони евра годишно, но сака да заработува повеќе.
Минатата сезона 26-годишниот Французин одигра 20 меча и постигна 2 гола.
„Кралевите“ во последните неколку години земаа играчи целосно бесплатно, како што беа трансферите на Рудигер, Алаба, Мбапе, Трент Александар-Арнолд…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

