Реал Мадрид со минимална победа против четвртолигаш, Рајо без Димитриевски елиминиран од Хихон

Реал Мадрид се пласираше во 1/8 од Купот на Шпанија откако славеше со минимални 1-0 против Какерено благодарение на голот на Родриго во 69. минута.

Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски пак претрпе елиминацијата откако загуби со 2-0 на гостувањето кај Хихон. Херој на домаќините беше Миловановиќ кој стрелаше во 57. и 88. минута. Македонскиот голман мечот го проследи од клупата.

Во следната фаза се пласираа и Вилјареал која славеше со 1-5 на гостувањето кај Картагена, Еспањол кој во продолжението славеше со 3-1 против Селта Виго, Валенсија која со 3-0 нема проблем против Ла Нусиа и Леванте кој со 3-2 го доби мечот против Гетафе.

Се вчитува...