Реал Мадрид со очајнички потег за враќање на навивачите во својот дом

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид направи крајно очаен потег да ги наполни празните трибини на својата „Мовистар“ Арена.

Натпреварите кои „кралевите“ ги играат на домашен терен не привлекуваат доволен број навивачи, бројката се намалува, па горните сектори од салата се главно празни, без разлика дали станува збор за Евролигата или домашното првенство.

Оттука, клубот одлучи да продаде дополнителен контингент билети за преостанатите натпревари на тимот на домашен терен до крајот на сезоната, уште најмалку 22 (без плеј-оф), по драстично намалена цена.

Цената на сезонските билети, поточно полусезонските билети за тој број на натпревари се движи од 230, 245 и 330 евра.

Со едноставна пресметка се доаѓа до заклучок дека цената на билетот за еден натпревар е од 10 до 15 евра.

Се вчитува...