Реал Мадрид со минимални 1-0 ја совлада Осасуна на стартот од шпанската Ла Лига, на првиот меч од новата сезона. Низ целосна доминација во текот на целиот натпревар, „кралевите“ на крајот само минимално го поразија својот противник.
Стрелец на единствениот гол беше Мбапе од пенал во 51. минута од средбата. Токму Мбапе самиот го изнуди ударот од белата точка. За целосната доминација зборува фактот дека домашниот тим имаше вкупно 18 удари кон голот, од кои пет во рамките на голот, но само една голема шанса од која профитираа.
Пред самиот финиш Осасуна заврши со играч помалку, но и тоа не го материјализираа играчите на Реал.
Воедно, ова беше официјално деби на новите имиња на Реал ов Ла Лига, како Трент, Хуијсен, Карерас, Мастантуоно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

