Реал Мадрид со пресврт го совлада Легањес во меч зад затворени врати

Реал Мадрид го победи Леганес со 4-1 во пријателски натпревар денес, а овој натпревар беше затворен за јавноста. Овој меч беше како дел од мини подготовките на клубот за настапите во шпанската Ла Лига, која почнува следниот викенд.

„Кралевите“ двапати бараа да се одложи нивниот меч со Осасуна во првото коло, а барањето беше одбиено двапати.

Алонсо одлучи во период од десет дена неговиот тим да одигра неколку подготвителни натпревари, од кои првиот беше закажан за денес против градскиот ривал Леганес.

Интересно е што Реал одлучи натпреварот да биде затворен за јавноста, а на ниту еден од новинарите и снимателите не им беше дозволено ниту да се приближат до тренинг кампот на кралскиот клуб.

Реал го започна натпреварот со својот моментално најсилен состав, но Леганес успеа да поведе со 1-0. Но, до крајот на натпреварот, „Кралевите“ успеаја да направат пресврт и да слават против Леганес со убедливи 4:1.

 

Се вчитува...