Реал Мадрид со рутинска победа над Селта ја задржа предноста на врвот (ВИДЕО)

Реал Мадрид сосема очекувано стигна до победа над Селта на свој терен во 28. коло во шпанската Ла Лига, и ја задржа предноста од седум бодови пред второпласираната Џирона.

„Кралевите“ брзо стигнаа до предност, а потоа им требаше многу време за да ја потврдат победата.

Винициус во 21. минута успеа да го отвори резултатот. На вториот гол се чекаше се до 79. минута кога голманот на Селта, Гуаита ја затресе сопствената мрежа. Следуваше нов автогол овојпат на Домингез во 88. минута, за Гулер во судиското надополнување да го постигне својот деби гол во дресот на „кралевите“.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...