Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа и до шестата победа во исто толку натпревари од стартот на новата сезона во домашниот шампионат, откако вечерва славеа на гостувањето кај Леванте со 1-4 во меч од 6. коло од новата сезона во Ла лига.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Винициус Жуниор во 28. минута. Мастантуоно во 38. минута зголеми на 0-2. Домаќините намалија на 1-2 преку Ета Ејонг во 54. минута. Следуваше „блиц-криг“ на Килијан Мбапе кој со два гола во 64. и 67. минута ги постави конечните 1-4.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

