Реал Мадрид со ултиматум до Чаби: Или победа против Манчестер Сити или отказ

Реал Мадрид претрпе нов тежок пораз, овој пат во шпанското првенство од страна на Селта која славеше во „кралскиот“ дом со 0-2. Овој пораз дополнително го „разниша“ столчето на тренерот Чаби Алонсо и го разбесни раководството на славниот шпански клуб кој сега му врачил ултиматум на младиот стратег.

Реал Мадрид не е познат по промените на тренерите сред сезони, но овој пат тоа би можело да биде исклучок со оглед на неискуството на тренерот кој се чини дека ја загуби соблекувалната.

Според шпанските медиуми пресудна за неговата иднина на „Бернабеу“ ќе биде натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите. Доколку не биде издвоена победа, Чаби ќе добие отказ.

Се вчитува...