Милано го совлада Реал Мадрид со 78-70 и ја продолжи серијата на изненадувања во вечерашните натпревари од Евролигата. Како и ЦСКА Москва и Фенербахче, така и „кралевите“ изненадувачки по доброто прво полувреме имаа проблеми во вториот дел. Гостите во првото полувреме играа одлично и го добија со плус единаесет (42-31). Сепак, следуваше голем пад во вториот дел и со одлична игра, особено во одбраната тимот од Милано успеа да стигне до конечен триумф од 78-70. Серхио Родригез одигра феноменален меч против поранешниот клуб уфрлајќи 23 поени, надополнети со 7 асистенции и 4 скока. Кај Реал Мадрид Треј Томпкинс го заврши мечот со 15 поени.
Басконија лесно помина против Химки совладувајќи го 77-60. По израмнетото прво полувреме, во вториот тим актуелниот шампион на Шпанија префрли во повисока брзина и до крајот успеа да стигне до лесна победа. Гиедритис и Полонара со по 20 поени беа најефикасни кај Басконија, додека кај рускиот тим Вјачеслав Зајцев го заврши мечот со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА