Реал Мадрид е во страв поради повреда на левокрилниот фудбалер Винициус Жуниор на вчерашниот меч со Селта. Бразилецот одреден период ќе мине на пауза.
Според зборовите на Карло Анчелоти, не би требало да е нешто сериозно, но дополнителните лекарски прегледи ќе ја покажат тежината на повредата.
Се очекува Винициус да го пропушти натпреварот со Гетафе, а да се врати во тимот после репрезентативните настапи, на крајот од септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

