Реал Мадрид се соочува со големи проблеми во одбраната откако остана без услугите на двајца стандардни протимци, Дани Карвахал и Едер Милитао за кои сезоната е завршена уште во месец ноември.
Покрај тоа повреден е и Давид Алаба ја јасно е дека на Реал Мадрид му е потребно брзо решение по крајот на репрезентативната пауза. Според поранешниот ас на „кралскиот клуб“, Гути, идеално решение е поранешниот капитен Серхио Рамос.
„Да се прашувам јас би го довел Рамос во Реал. Слободен е во изборот на новата средина, нем клуб и достапен е без обесштетување. Повредите го осакатија Реал и неопходен им е стопер. Серхио би се вратил и не би имал финансиски побарувања. Тој е идеалното решение“, вели Гути.
Серхио Рамос помина 15 години на „Сантијаго Бернабеу“, период во кој освои се што можеше да се освои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА