По Фенербахче и ЦСКА Москва, Реал Мадрид е третиот учесник на фајналфор турнирот од Евролигата што ќе се одржи во Истанбул. Турската метропола веќе е среќна за „кралевите“, откако шпанскиот гигант вторпат во рок од три дена славеше над Дарушафака, овојпат со 78-89, за конечен триумф од 3-1 во оваа четвртфинална серија.
Дарушафака долго време имаше проблем со шутот, а Реал знаеше како да го искористи тоа и доминираше во поголемиот дел од натпреварот. Домаќините дојдоа на само три поени разлика пред крајот на третата четвртина, но следеше фуриозен финиш на Реал Мадрид на овој период од мечот. Пресудна беше личната грешка врз Керол при шут за три поени, надополнета со техничка грешка на тренерот Блат. „Кралевите“ го искористија тоа и стигнаа до огромни 58-72 на крајот од третата четвртина.
Дарушафака почна да погодува тројки, па се приближи на само шест поени на нешто повеќе од две минути до крајот, но Љуљ погоди од положување под прекршок, ставајќи крај на надежите за камбек на турскиот тим.
Љуљ со 17 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид, пред Томпкинс и Тејлор со по 15 и Керол со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА