Реал Мадрид е подготвен за офанзива по Мохамед Салах што ќе се случи по финалето од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул. Ова го тврди францускиот новинар Филип Карајон, кој за време на ТВ-емисија на „Канал Плус“ откри дека Салах исто така се наоѓа високо на листата со желби на Зидан.
„Еден Азар не е единствената желба на Зинедин Зидан кога станува збор за навалната линија. Веќе се стартувани контакти меѓу Реал Мадрид и Салах, кои ќе се интензивираат по финалето од Лигата на шампионите“ – тврди Карајон.
Ливерпул не сака да го продаде својот најдобар фудбалер, но прашање е дали Салах ќе инсистира на трансфер, па со „барање за заминување“ да го притисне својот клуб на преговори со Реал. „Црвените“ го имаат проценето египетскиот голгетер над 150 милиони евра, а не се исклучува можноста доколку седнат на маса со Реал, како дел од трансферот да го побараат Асенсио, играч за кого Клоп има високо мислење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА