Реал Мадрид тргна по новиот тренер, желбата е…

Веќе е извесно дека Реал Мадрид од идната сезона ќе има нов тренер. Карло Анчелоти по завршувањето на сезоната веројатно нема да го продолжи договорот, и тоа значи дека „кралевите“ ќе мора да бараат решение.

Анчелоти има договор до крајот на сезоната, по што потоа најави тренерска пензија, иако се поврзуваше и со клупата на Бразил, но веројатно до тоа нема да дојде.

Според шпанските медиуми, Флорентино Перез веќе ги почнал преговорите со новиот тренер. Преговорите се на  релација Мадрид – Леверкузен, и тоа за Чаби Алонсо, кој лани направи чудо и го однесе Баер Леверкузен до титула во Бундеслигата без пораз.

Алонсо е прв и единствен кандидат засега, а според најавите, Перез нема да штеди пари за да го донесе на Сантијаго Бернабе. Алонсо во минатото беше играч на „кралевите“, а летово го одби Ливерпул да го замени Јирген Клоп.

Се вчитува...