Реал Мадрид тргнува по „детето“ на Ливерпул

Реал Мадрид следното лето во своите редови ќе се обиде да го доведе „детето“ на Ливерпул, Трент Александер Арнолд, пишуваат англиските медиуми. Кралскиот клуб сака да доведе нов играч на десната бековска позиција, а изборот паднал на талентирниот млад фудбалер на „црвените“.

Александер Арнолд е дел од тимот од „Енфилд“ од 2004 година, а шанса во првиот тим доби во 2016 година и оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи на неговата позиција. Притоа со 22 години десниот бек е и стандарден репрезентативец на Англија па јасен е и интереснот на Реал Мадрид.

Трансфермаркт го проценува Арнолд на 75 милиони евра сума која е прифатлива и за Реал Мадрид, но не и за Ливерпул. „Црвените“ сакаат да го задржат својот играч чиј договор е со важност до 2025 година па мадридскиот клуб ќе мора да „искешира“ околку 100 милиони евра за неговите услуги.

Се вчитува...