Човекот поради кого Реал Мадрид ја бојкотираше манифестацијата „Златна Топка“, сега би можел да заврши во кралскиот клуб. Кога Родри минатата година го доби признанието, многумина во „кралскиот клуб“ беа незадоволни, верувајќи дека Винисиус го заслужува повеќе од играчот од средниот ред на Манчестер Сити.
Затоа оваа година на платформите на Реал нема (или само површно) информации дека четворица играчи на тој клуб се во конкуренција за престижното признание и оваа година.
Реал не го доживеа тоа како директна конфронтација со Родри, ниту пак мислат дека тој не е достоен за наградата, напротив. Во Мадрид толку многу го ценат шпанскиот репрезентативец што би биле среќни да го вратат во тој град.
Како што објавува Би-Би-Си, Чаби Алонсо е на мислење дека средниот ред е единствениот дел од теренот каде што на клубот му се потребни засилувања, а во моментов нема подобро решение од Родри.
Ситуацијата не е толку едноставна. Играчот се опоравува од повреда на предниот вкрстен лигамент и ќе биде надвор од теренот барем до септември.
Според договорот, тој е „врзан“ со „Етихад“ уште најмалку две години, и се очекува Реал да се врати по него следното лето, бидејќи „граѓаните“ во моментов се категорични дека тој не е на продажба.
Според информациите добиени од Би-Би-Си, играчот не брза да го продолжи договорот и веќе одбил еден за дополнителни две години.
Сепак, со оглед на тоа што Сити е заинтересиран за Родриго, можна е и размена на фудбалери меѓу двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

