Европскиот првак Реал Мадрид тргнува во долго очекуваната акција. По ангажманот на Тибо Куртоа за нов голман, следна мисија е да се доведе нов квалитетен играч за врска. Тренерот Хулен Лопетеги побара од раководството да го доведе шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара, кој е член на Баерн Минхен. За него „кралевите“ се подготвени да платат 50 милиони евра.
Тијаго е поранешен играч на Барселона и тоа дефинитивно ќе крене голема врева во Шпанија, а Лопетеги сака да им даде шанса најголем дел од фудбалерите кои ги тренираше и во националниот тим на „црвената фурија“. Покрај ова, приоритет за „кралскиот клуб“ е да го осигура и останувањето на Лука Модриќ. Хрватот ќе добие значително зголемување на годишната плата и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Се уште има најави дека Реал Мадрид ќе купи и нов напаѓач. Единсон Кавани од ПСЖ и Роберт Левандовски од Баерн Минхен се главните цели на мадридскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА