Реал Мадрид скапо ја плати победата во Виго над Селта откако Бразилецот Винисиус уште во првото полувреме заработи незгодна повреда на мускулот и мораше да биде заменет. Карло Анчелоти по мечот најави дека одличниот голгетер би требало целосно да се рехабилитира за време на репрезентативната пауза, но последните информации не се толку охрабрувачки за „кралевите“.
Имено, деталните лекарски прегледи утврделе кинење на мускулни влакна, повреда што знае да биде крајно незгодна и да бара нешто подолг период на рехабилитација. Се очекува Реал во текот на денешниот ден да излезе со официјална информација, а доколку се потврди оваа дијагноза, тоа ќе значи и пауза од најмалку еден месец за Винисиус.
Реал Мадрид следниот викенд се среќава со Хетафе, а по репрезентативната пауза го очекува дуел со Реал Сосиедад, па меч од првото коло од Лигата на Шампионите, по што на 23 септември на програмата е и градското дерби со Атлетико Мадрид.
Дефинитивно, низа тешки натпревари на кои отсуството на Винисиус ќе се почувствува во таборот на „кралевите“. Освен ако во меѓувреме не биде комплетиран мегатрансферот на Килијан Мбапе?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

