Реал Мадрид убедливо преку Салцбург до осминафинале со Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство, откако синоќа го победија Салцбург со 3-0 во Филаделфија, во натпреварот од последното, трето коло од Групата Х.

Предноста на Реал му ја донесе Винисиус Жуниор со гол во 40. минута, а Федерико Валверде го зголеми водството со гол во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Конечниот резултат го постави Гонзало Гарсија со гол во 84. минута.

Реал Мадрид ја заврши групната фаза на првото место на табелата со седум бода, додека Салцбург, по овој пораз, го заврши натпреварувањето на Светското клупско првенство како третопласирана екипа од Групата Х со четири бода.

Пласман во осминафиналето од втората позиција на табелата во Групата Х оствари Ал Хилал, кој ја победи Пачука, Мексико, со 2-0 во Нешвил.

Предноста за клубот од Саудиска Арабија ја донесе Салем Ал-Давсари со гол во 22. минута, а конечниот резултат го постави Маркос Леонардо со гол во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме.

Реал Мадрид ќе игра против Јувентус во осминафиналето во Мајами, додека Ал Хилал ќе се сретне со Манчестер Сити во Орландо.

Се вчитува...