Косоваре Аслани, ѕвездата на европскиот женски фудбал е првото име во редовите на Реал Мадрид. Нејзиниот потпис како и заинтересираноста на клубот за неколку звучни имиња прави потрес на континенталниот пазар. „Кралевите“ постигнаа договор за преземање на шпанскиот прволигаш Такон, целокупната фузија ќе се комплетира до крајот на сезонава, а фудбалерите што ќе бидат ангажирани во текот на летово ќе настапуваат за Такон, за следното лето овој клуб и официјално да биде преименуван во Реал Мадрид.
Аслани, која настапуваше за Манчестер Сити и ПСЖ е репрезентативка на Шведска и треба да привлече и други звучни имиња.
Реал Мадрид веќе преговара со уште неколку врвни фудбалерки ширум светот. Во игра е и 20-годишната Венецуелка, Дејна Кастељанос. Таа е обврзана со договор во САД, но не ја отфрла можноста да го облече „белиот дрес“.
Бразилската ветеранка Марта, најуспешната воопшто досега во женскиот фудбал, често пати зборувала за страста да се биде дел до Реал Мадрид. Во игра наводно се и Ада Хегерберг, Холанѓанките Вивиен Миедема, Шанис Ван де Санден, како и дел од најпопуларните американски репрезентативки како Меган Рапино и Алекс Морган, но Американките најчесто остануваат да играат на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА