Еден од највозбудливите кошаркари оваа сезона во Евролигата, Надир Хифи е алфа и омега во тимот на Париз предводејќи го со просек од 19.9 поени по натпревар, како и дополнителни 2.5 скокови и 3.5 асистенции.
Младиот Французин е воедно вториот најдобар поентер во најелитното кошаркарско првенство во Европа па интересеот за неговите услуги е се поголем. Оддамна тој е желба на Олимпијакос, Монако, Фенербахче и Барселона, а во редот на гигантите сега застана и Реал Мадирд.
Новиот спортски директор на „кралевите“ Надир смета дека тој е идеалното решение за долги стази па наскоро се очекува започнување на преговори кои ќе го направат „прва виолина“ и во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

