Реал Мадрид во „атак“ на ПСЖ за ѕвездата вредна над 100 милиони евра

Неполн месец откако заврши преодниот рок веќе започнаа гласини за новите засилувања на најсилните фудбалски тимови во јануари. Еден од нив несомнено е Реал Мадрид кој според шпанските медиуим „намерачи“ фудбалер на ПСЖ.

Станува збор за Витиња кој заврши како трет во гласањето на изборот на Златна топка. Португалецот и сам покажува интерес Париз да го замени со Мадрид, но за тоа да се оствари ќе биде потребна понуда од над 100 милиони евра.

Витиња се пресели на „Паркот на принцовите“ во 2022 година од редовите на Вилверхемптон и фантастично се наметна кај „светците“. Поради работната навика ја доби и повремената капитенска лента.

Се вчитува...