Кошаркарите на Реал Мадрид со стил и се реваншираа на руската ЦСКА Москва за поразот во полуфиналето минатата сезона на Ф4 турнирот во Евролигата, совладувајќи ја со 97-81.
Двата тима беа израмнети во првото полувреме, во кое за нијанса беа подобри домаќините успевајќи на полувреме да отидат со предност од 52-48. Клучен беше третиот период кој „кралевите“ го добија со плус седум, а по 30 минути игра на семафорот стоеше резултатот 75-64. До крајот без поголеми проблеми избраниците на Пабло Ласо го приведоа мечот за конечна победа од 97-81.
Аргентинското дуо Кампацо со 20 поени и Дек со 18 го водеше кралскиот клуб до важната победа, додека кај гостите единствен расположен беше Фојтман со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА