Најдобриот стрелец на Реал Мадрид Килијан Мбапе, е крајно неизвесен за настап на утрешниот меч од Лигата на шампионите против Бенфика, пишува „АС“. Според информациите, Французинот има проблем со левото колено, кое долго време го мачи, и поради тоа може да не игра против Бенфика.
„АС“ пренесува дека не само што Мбапе нема да настапи утре, туку е под голем знак прашалник и следниот меч против Гетафе. Според информациите, ќе може да се врати после 10 дена, односно на мечот со Селта на 7. март.
Тренерот на „кралевите“ Арвало Арбелоа на демантираше ниту потврди за Мбапе.
„Тој вложува многу труд со недели, но е подготвен за настап“, изјави Арбелоа, но и натаму остава сомнеж дали ќе може да настапи на утрешниот меч со Бенфика, во кој Реал влегува со предност од 0-1 после мечот во Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

