Реал Мадрид во пол позиција за Халанд, „виновник“ негов сонародник

Реал Мадрид е во пол позиција за потпис на норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд, пренесуваат шпанските медиуми. Како главен виновник за ова се поврзува Мартин Одегард кој своевремено беше прогласен за најголем фудбалски талент и токму има постоечки договор со клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

Иако тој во дресот на „кралевите“ одигра само еден натпревар, а во моментов е на позајмица во Реал Сосиедад, тој веќе разговарал со својот сонародник на кого му препорачал дека најдобар избор за него ќе биде токму „Сантијаго Бернабеу“.

Покрај најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите за услугите на младиот Халанд се заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Се вчитува...