Повредите во моментов се „заштитен знак“ за Реал Мадрид. Карло Анчелоти мака мачи да склопи тим за следните натпревари.
На последниот меч против осасуна се повредија тројца играчи. Едер Милитао најтешко настрада и ги скина лигаментите, по што оваа сезона за него е веќе завршена. Се повредија и Родриго и Лукас Васкез.
Девет играчи во моментов се надвор од строј поради повреди. Претходно лигаментите ги скина и Хоан Мартинез, претходно истата повреда ја имаа и Тибо Куртоа и Давид Алаба, како и Дани Карвахал.
Според „Атлетик“, Реал Мадрид се сомнева дека виновникот за честите повреди и кондицискиот тренер Антонио Пинтус. Според изворот, во клубот растат сомнежите за работата на Пинтус, и сметаат дека неговите методи се застарени.
Исто така меѓу стручниот штаб имало несогалсување околу важноста на километражата на играчите која ја трчаат на натпреварите. Наводно му ги препишуваат проблемите на Пинтус, но и згуснатиот распоред на клубот.
Незадоволство предизвикува и преголемиот темперамент на помошниот тренер Франческо Маури. Можно е во следниот период да има промени во стручниот штаб на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА