Реал Мадрид во вториот дел до победа над Ваљадолид, погоди и Ендрик (ВИДЕО)

Реал Мадрид добро се намачи да дојде до победата над Ваљадолив во 2. коло од шпанската Ла Лига. На крајот победа од 3-0 остварена во второто полувреме.

Фреде Валверде во 50. минута од слободен удар донесе водство за Реал. Топката на патот до мрежата се одби од некој од противничките играчи, и заврши во голот.

На 2-0 зголеми Брахим Диаз со прекрасен лоб удар во 88. минута од средбата, а потоа Ендрик зголеми на 3-0 во судиското надополнување. Килијан Мбапе ниту на овој меч не постигна гол, и во вториот натпревар во Ла Лига не успева да се запише во листата на стрелците.

Се вчитува...