Неверојатен натпревар се одигра во Шпанија, каде Басконија го шокираше Реал Мадрид победувајќи го со … во 35. коло од Евролигата. Реал Мадрид до самиот финиш имаше „добиен меч“ и предност од +7 поени разлика, но не само што ги прокоцка, туку во последниот напад за Басконија, Хезоња направи прекршок и овозможувајќи му на противикот со две слободни фрлања да стигне до победа.
Ако првиот период го доби Басконија, тогаш во вториот Реал Мадрид ја презеде целосно контролата. И кога се чинеше дека „кралевите“ ја имаат победата на своето конто, со оглед дека водеа во текот на целото второ полувреме, од првото водство Басконија дојде до победата. Реал Мадрид имаше шут во последната секунда дури и за победа, но не погоди тројка Љуљ, па така Басконија му зеде „скалп“ на кралскиот клуб.
Луваву-Кабаро беше најефикасен со 26 поени, додека кај Реал Кампацо уфрли 21 поен.
Олимпијакос се израмни со Фенербахче на врвот на табелата по победата над Асвел во Франција со 74-82. Грчкиот тим не стигна толку лесно до оваа победа, со оглед дека Французите се покажаа како жилав противник, што не му дозволија на гостинот да дојде до сигурен триумф.
Везенков беше клучен во победата на Грците, уфрлајќи 23 поени.
Во третиот меч одигран вечерва, кошаркарите на Валенсија со 94-81 славеа на гостувањето кај Виртус Болоња. Дури во вториот дел шпанскиот тим го скрши отпорот на италијанскиот и стигна до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

