Реал Мадрид закажа „Ел Класико“ за трофејот во Супер-Купот (ВИДЕО)

Реал Мадрид ќе игра против Барселона во финалето на шпанскиот Супер-Куп во Саудиска Арабија, откако вечерва „кралевите“ беа подобри од градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2-1.

Во интересен и возбудлив натпревар, двата тима го посакуваа финалето, но повеќе играчите на Реал, кои успеаја да дојдат до предност уште во 76. секунда од натпреварот, кога Валверде постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Родриго во 55. минута убаво се снајде и го мина Ле Норман, излезе сам пред Облак, рутински зголеми на 2-0.

Сепак, Атлетико успеа да се врати во 58. минута од средбата. Симеоне од десната страна центрираше, а Сорлот со глава го совлада Куртоа и донесе драма во финишот. Атлетико целосно се отвори да дојде до израмнување, додека Реал се закануваше од противнапади, но промена на резултатот немаше.

Се вчитува...