Младиот 18-годишен стопер на Лил, Лени Јоро би можел да направи трансфер од соништата, и тоа во Реал Мадрид. „Кралевите“ во Јоро гледаат замена за Начо, кој заминува од клубот како слободен агент по завршувањето на сезоната.
Јоро има договор со Лил до летото 2025 година, а неговата цена во моментов се проценува на 40 милиони евра. Но, со оглед дека на лето ќе има уште само една година од договорот, цената може да биде намалена.
Дека станува збор за еден од најголемите таленти во Франција, говори податокот дека ПСЖ веќе подолго време се интересира за него. Во оваа сезона Јоро, кој има настапи за помладите селекции на Франција, има одиграно 27 меча во францускиот шампионат, и постигнато два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА