Реал Мадрид засилен на мегдан со Олимпик Марсеј

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо ќе може да смета на Џуд Белингем за натпреварот против Олимпик Марсеј во првото коло од новата сезона во Лигата на Шампионите.

Англискиот репрезентативец со средина на месец јули помина низ оперативен зафат на рамото, но повредата е веќе зад Белингем и тој ќе биде во комбинација за настап на отварањето на најсилното фудбалско натпреварување на светот.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Олимпик Марсеј ќе биде одигран во вторник со почеток од 21 часот.

Се вчитува...