Килијан Мбапе, сепак, нема да се пресели од Париз во Мадрид. Реал дементира било какви преговори за трансфер на францускиот тинејџер.
„Информациите кои што беа објавени во последните неколку часа, а во кои се тврди дека Реал Мадрид и Пари Сен Жермен го договориле трансферот на Килијан Мабапе се комплетно лажни и неточни“ – стои во краткото и остро соопштение што го објави европскиот фудбалски шампион, а откако веста за наводниот договор за францускиот репрезентативец за експресно кратно време го обиколи светот.
Во обраќањето, од Реал Мадрид уште велат дека воопшто не контактирале со ПСЖ на оваа тема и дека жалат за излегувањето на вакви информации кои немаат врска со вистината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА