Реал му даде зелено светло на Модриќ за преговори со други клубови

Капитенот на хрватската репрезентација и Реал Мадрид, Лука Модриќ (39) повторно е во центарот на вниманието поради фактот што неговиот договор со мадридскиот клуб истекува во јуни 2025. Од 1 јануари Модриќ може слободно да преговара со други клубови за можен трансфер на лето.

Модриќ, кој во 2012 година пристигна во Реал под водство на Жозе Мурињо, стана симбол на клубот, иако во септември ќе наполни 40 години, сепак неговиот квалитет го привлекува вниманието на бројни клубови. Минатата година Динамо Загреб и клубови од арапскиот свет се обидоа да го привлечат со профитабилни понуди, но Модриќ реши да му остане верен на „кралскиот“ клуб.

Според извештаите на „Ас“, Реал Мадрид му дал целосна слобода на Модриќ да одлучува за неговата иднина. Доколку реши да остане, клубот ќе му понуди нов едногодишен договор. Доколку реши да се пензионира или да се пресели во друг клуб, Реал ќе ја поддржи таа одлука. Исто така, и во случај на пензионирање, Модриќ би останал поврзан со клубот, веројатно во улога на помошник во стручниот штаб на првиот тим.

Се вчитува...