Еден Азар пристигна во Реал Мадрид како замена за Кристијано Роналдо, трансфер вреден 100 милиони евра, но белгискиот репрезентативец одигра далеку од очекувањата. Напаѓачот за три сезони поминати во „белиот“ дрес одигра само 30 натпревари, а притоа постигна скромни четири гола.
Со лошата форма и преголемиот број на поверди Белгијецот го испушти своето место во тимот, не е ни во плановите на Анчелоти па сега се наоѓа и на излезните врати од „Сантијаго Бернабеу“. Но, проблем е што ретко кој сака да го купи 30-годишникот. Шпанските медиуми пренесуваат дека Азар бил понуден и на Челси, меѓутоа Томас Тухел не сакал ни да чуе за ваков трансфер.
Актуелниот европски шампион кој изобилува со напаѓачки квалитет на крилните позиции ги има Тимо Вернер, Каи Хавертс, Кристијан Пулишиќ, Мејсон Маунт и Хаким Зијеш, фудбалери кои се помлади од Азар, па германскиот стратег не сака да издвои 60 милиони евра за „стаклениот“ Белгијец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА