Реал му кажа „НЕ“ на Ливерпул за Асенсио

Доколку Реал Мадрид ја прифатеше оваа понуда,„кралевите“ ќе профитираа како никогаш досега од еден фудбалер. Сепак, актуелниот европски првак без премногу размислување ја одби мега-понудата вредна 50 милиони евра од Ливерпул за услугите на 21-годишниот Марко Асенсио, откако Зинедин Зидан јасно ставил до знаење дека сериозно планира на овој суперталентиран играч да му даде уште позначајна улога во следната сезона. Реал го доведе Асенсио за сума од 3,5 милиони евра и можеше да заработи 15 пати повеќе пари од продажбата на овој фудбалер, но јасно е дека „кралевите“ не планираат во блиска иднина да го продадат големиот талент на шпанскиот фудбал. Весникот „Ас“ повикувајќи се на извори блиски до Зидан тврди дека Јирген Клоп сакал целиот трансфер да го комплетира уште додека трае оваа сезона, но тренерот на Реал експресно ставил крај на надежите на Ливерпул дека Асенсио би можел да пристигне на „Енфилд“.

Клоп го забележа огромниот талентот кој го поседува младиот фудбалер, па сака да го додаде во триото Кутињо-Фирмино-Мане за да атакува кон трофеи следната сезона. Сепак, и Реал ги цени неговите квалитети и верува дека Асенсио во иднина може да биде еден од водечките играчи на клубот.

Крилото на европскиот првак сезонава настапи на 29 меча во сите натпреварувања, најчесто влегувајќи од клупа, но ја користи секоја шанса што ја добива, па така постигна девет гола и три асистенции, а последниот негов гол  ќе го памети долго време, ги постави конечните 4-2 во победата над Баерн во Лигата на шампиони. Шпанскиот гигант наредната сезона ќе му даде повеќе шанси на Асенсио да покаже што знае, со заминувањето на Хамес Родригез и најверојатно Иско, се отвора простор за Шпанецот да настапи на сцена и да ја оправда вербата на Зидан.

Се вчитува...