Реал на колена: Басконија со триумфот во Мадрид до печат за плејин-доигрувањето

Басконија славеше џиновска победа од  на гостувањето против Реал Мадрид (91-95), триумф со кој шпанскиот тим успеа да го осигура своето учество во плејин доигрувањето на една руна пред крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата.

Избраниците на Душко Ивановиќ катастрофално го почнаа мечот, имаа и минус 15 во првата четвртина (27-12), но како што одминуваше времето така Басконија се враќаше во мечот. Пресудна беше серијата од 13-0 во последната четвртина (од 73-68 за Реал до 73-80 за Басконија), со која гостите го свртеа резултатот во своја полза, а потоа во самиот финиш благодарение на одличниот Маркус Хауард стигнаа до победата. Хауард беше најефикасен во победничкиот тим со 35 поени, Костело постигна 19 за Басконија, додека најефикасен кај Реал беше Хезоња со 18 поени.

Панатинаикос се врати на второто место на табелата со вечерашниот триумф на гостувањето против Баерн Минхен со 75-82, уште еден доказ дека тимот на Ергин Атаман во топ-форма ќе го дочека клучниот дел од сезонава. Кендрик Нан ги предводеше стрелците на ПАО со 17 поени, пред Хуанчо Хернангомез со 14 и Матијас Лесор со 13 поени.

Милано во италијанската евролигашка пресметка го декласираше составот на Виртус Болоња со резултат 90-75. Тимот на Еторе Месина има само теоретски шанси за влез во плејинот, но тоа не му пречеше со доминантно издание да го совлада големиот ривал од Апенинскиот полуостров. Миротиќ доминираше со 18 поени и 11 скокови за победничкиот тим, додека Шенгелија беше прв стрелец на Болоња со 21 поен.

Се вчитува...