Реал на натпревар, а Бејл на преговори во Минхен?

Велшкиот интернационалец Герет Бејл ова лето најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, а би можел да се пресели во Баерн Минхен. Ова е многу интересна вест која се појавува токму во пресрет на меѓусебниот полуфинален двомеч во Лигата на шампионите меѓу овие два тима.

„Не треба да се отфрли ниту една можност во фудбалот. Моментно сум член на Реал Мадрид и уживам во тоа. Баерн Минхен има фантастичен тим. Во минатото, а и сега се еден од најуспешните клубови во Европа. Чест е за секој фудбалер доколку го поврзуваат со ваков клуб, но јас засега сум играч на Реал Мадрид“, изјави Герет Бејл.

Велшанецот оваа сезона е втор план поради бројните повреди. Одигра само 249 минути во досегашните 10 натпревари во Лигата на шампионите, а во Ла Лига постигна 11 гола на 22 меча.

Се вчитува...