Мартин Одегард пред неколку години важеше за „чудо од дете“, тинејџер што сите европски гиганти сакаа да го видат во своите редови. Со својот татко ги посети камповите на големите англиски клубови, се сретна и со челниците на Баерн, за на крајот младиот Норвежанец да донесе одлука за продолжување на својата кариера во Реал Мадрид.
Само што, работите не одеа онака како што посакуваа „кралевите“, ниту пак самиот фудбалер. Одегард тренира со Б тимот на Реал и далеку е од форма со која би се наметнал кај Зинедин Зидан, поради што раководството на „кралскиот клуб“ реши да му дозволи да ги смени клупските бои.
Холандскиот прволигаш Херенвен ќе биде тимот каде Одегард ќе ги мине следните шест месеци, откако овој клуб се договори со Реал за шестмесечна позајмица на талентираниот плејмејкер. Целта е Одегард конечно да ја добие неопходната самодоверба на сениорско ниво, а на крајот од сезонава двата клуба одново ќе седнат за евентуално продолжување на позајмицата, доколку Норвежанецот се наметне во Херенвен во следните месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА