Реал Мадрид победи против Плзен со 2-1 во Лигата на шампионите, но шпанските медиуми го растргнаа тренерот Хулен Лопетеги оценувајќи ја како „хорор“ играта на „кралскиот клуб“. Сепак, тој ќе добие уште една шанса од раководството на актуелниот европски првак, да го предводи тимот на големото дерби против Барселона на „Камп Ноу“.
„Лопетеги ќе го предводи тимот во ‘Ел Класико’. Во ваквите ситуации мора да се остане мирен и да се верува на фудбалерите. Натпреварот во недела е голем мотив за нас. Имаме голема самодоверба и ќе одиграме добар натпревар во Каталонија“, истакнуваат од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА