Одигрувањето на натпреварот од 27. коло во Евролигата меѓу Олимпија Милано и Реал Мадрид е под знак прашање поради епидемијата од коронавирусот во Италија. Екипата на Етеро Месина на 3. март треба да ги пречека „кралевите“, меѓутоа во Мадрид се уште не знаат дали ќе патуваат во Италија. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал очекува одлука од раководството на Евролигата. Таа ја следи ситуацијата во Италија и подготвува планови како би можеле да се соочат со непосакуваните проблеми.
„Евролигата ја следи ситуацијата со коронавирусот. Во близок контакт е со италијанските клубови, но и со сите што треба да гостуваат во Италија. Внимателно ги следиме и препораките од Светската здравствена организација. Лигата и клубовите подготвуваат планови како би одговориле на несаканата ситуација“, се наведува во соопштението.
Италијанската федерација веќе одложи неколку натпревари во домашните шампионати кои на програмата треба да бидат претстојниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА