Реал Мадрид полесно од очекувањата славеше на гостувањето против Жалгирис со убедливи 64-83, нанесувајќи му го четвртиот пораз во низа на литванскиот шампион.
Голем проблем за Тринкиери беше повредата на Франциско веќе во третата минута од овој меч, а без еден од своите лидери тимот на Жалгирис не успеа да стигне до триумф над расположените гости од Мадрид. Центарот Тавареш поради проблеми со личните грешки имаше само два поени на овој дуел, но затоа во топ-форма беше Џанан Муса со 17 поени, додека Кампацо и Ибака постигнаа по 13 поени за победничкиот тим. Лони Вокер со 17 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во таборот на Жалгирис.
Лука Банки имаше слабо деби на клупата на Анадолу Ефес откако турскиот тим загуби на домашен терен од Асвел со резултат 76-82. Пресудна беше последната четвртина во која домашните кошаркари не постигнаа ниту еден кош од игра, Ефес реализираше десет поени од линијата за слободни фрлања, што сепак беше недоволно за да се стигне до триумф. Ветеранот Нандо де Коло ја предводеше победничката екипа со 16 поени, по 15 постигнаа Блек и Маледон, додека Поарие со 14 поени беше прв стрелец на Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА