Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде, го негираше интересот на италијанскиот клуб за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско.
Претходно медиумите објавија дека Фиорентина е заинтересирана за потписот на 29-годишниот шпански играч за врска, чиј договор со актуелниот клуб истекува ова лето. Иско игра за Реал Мадрид од 2013 година, а во овој период освои 16 трофеи со тимот.
„Ние во никој случај нема да го купиме Иско. Фиорентина не знае ни кои се неговите агенти“, изјави Праде, а информацијата ја објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
Иско оваа сезона на теренот мина 183 минути во девет натпревари од шпанското првенство, постигнувајќи еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА