Стоперот на Ливерпул, Ибрахима Конате би можел својата кариера да ја продолжи во Реал Мадрид. Стоперот е мета на кралскиот клуб и голема е веројатноста да продолжи во најтрофејниот клуб во ЛШ.
Конате има договор со Ливерпул до 2026 година. Англискиот првак сака да му го продолжи, но Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата и може уште во јануари идната година да му понуди соработка, и од следната сезона да пристигне на „Бернабе“ целосно бесплатно.
Во Мадрид прво ќе ја проценуваат формата на Едер Милитао и на Давид Алаба после тешките повреди. Рудигер веќе има 32 години, а тука се уште и Дин Хујсен и Раул Асенсио кој во иднина треба да го сочинуваат стоперскиот тандем на „кралевите“.
Според медиумите во Шпанија, Конате веќе дал зелено светло за овој трансфер, откако и самата желба била да се пресели меѓу „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

