Реал Мадрид има многу проблеми со повредите на своите фудбалери, но ќе го има во составот португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо за утрешниот реванш натпревар од четвртфиналето во Купот на Шпанија. Иако имаше најави дека заработил повреда на мечот против Малага изминатиот викенд, тој сепак е подготвен за настап, откако го одработи целосно денешниот тренинг на „кралевите“.
По повредата на Марсело, во составот се враќа Фабио Коентрао, а надвор од тимот и понатаму остануваат Герет Бејл, Хамес Родригез, Пепе, Дани Карвахал и Лука Модриќ.
Згора на тоа, во текот на денешниот ден се повреди и Рафаел Варан, кој не отпатува со тимот за гостувањето во Виго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА