Реал Мадрид не успеа да стигне до цел плен на дуелот со Бетис, ремизирајќи 0-0 пред преполните трибини на „Сантијаго Бернабеу“.
По последниот убедлив триумф над Леганес се чинеше дека „кралевите“ конечно го најдоа посакуваниот ритам, но денешниот дуел покажа дека Зидан има уште многу работа да создаде моќен колектив. Раниот гол на Азар беше поништен со ВАР поради офсајд, а потоа „белите“ создадоа бројни шанси, но не успеаја да најдат начин да го совладаат одличниот Роблес.
Во последната минута во идеална ситуација се најде Винисиус, но ниту Бразилецот не успеа да го најде патот до мрежата на гостите. Реал со ова не го искористи „киксот“ на Барселона, па „кралевите“ сега се рамо до рамо со каталонскиот гигант, со по 22 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА