Европскиот и светски клупски првак Реал Мадрид освои пет трофеи во 2017 година, но ќе има многу проблеми да одбрани дел од овие пехари, посебно шампионската круна во Ла Лига. Затоа, „кралевите“ смислија упад во големиот ривал Барселона, која во моментов има огромна предност на табелата во шпанскиот шампионат. Раководството на Реал Мадрид сака да купи двајца млади, но исклучително квалитетни фудбалери од „Камп Ноу“.
Флорентино Перез и Зинедин Зидан го „меркаат“ Самуел Умтити, францускиот дефанзивец, кој минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ за сума од 25 милиони евра, а сега неговата вредност е значително поголема, откако стана стандарден првотимец во каталонскиот гигант.
Вториот „пик“ на Реал Мадрид е Ориол Бускетс, младиот 18-годишен играч кој се уште нема настап во првиот тим на Барселона, но важи за голема перспектива. Тој одби да потпише договор со клубот од „Камп Ноу“, па тука „кралевите“ је гледаат шансата за негов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА